Српската пејачка Андреана Чекиќ и нејзиниот сопруг, Иван Миладиновиќ, одлучија да потпишат документи за развод на бракот, но сé уште делат заедничкиот живот во нивниот дом, на изненадување на многумина.
Андреана открила дека нејзиниот сопруг се’ уште не се преселил од станот на Вождовац во Белград.
„Сè уште живееме заедно додека тој не се исели. Купи стан, но сè уште во него нема ништо. Кога ќе го подготви, ќе се исели. Дојде и мајка ми со нас. Сега имаме и топол оброк“ – низ смеа изјави пејачката за српските портали. Таа исто така ни кажа дека таа и нејзиниот сопруг имаат подобар однос, откако решиле да го прекинат бракот.
„Најважно е кога нешто не оди, дека треба да се промени, па дури и да истапите од брак. Бевме добри пријатели и соработници, па влеговме во врска, а потоа и во брак. Сега сфативме дека бракот не е за нас поради некоја причина, но тоа не значи дека нема да останеме пријатели. Напротив, дури сега и се согласуваме подобро“.
Фото: Александар Јовановиќ – Циле