Српската фолк пејачка Андреана Чекиќ се појави на 8 март во Белград со новиот избраник Марко Милошевиќ, и иако се зборуваше за дека имаат складна врска без проблеми, вистината очигледно е сосема поинаква.
Имено, се огласи сопругата на Марко, која ја обвини Андреана за распадот на нејзиниот брак, велејќи дека сопругот ја изневерувал со пејачката!
„Се сомневав и претходно, но се’ ми стана јасно кога ја видов нивната заедничка фотографија од концертот на Џани. Дури тој ден кога таа ја постираше таа фотографија мене сијаличката ми се се запали, па и оставив коментар под фотографијата: „Убово ти стои мојот маж“, но тој коментар бргу беше избришан! Тој ми се јави да ми каже да не го правам тоа, а јас го прашав што се случува? „Да, ние сме во врска“ – само кусо ми рече. „Тие се од 12 јануари во врска“ – вели M.M, сопругата на Марко Милошевиќ, новото момче на Андреана Чекиќ .
„Марко живееше со мене до пред десет дена, а тие заедно работат од 1-ви септември. На 21 -ви март се подготвував да прославиме, бидејќи тогаш требаше да ни биде десетгодишнината од официјалниот брак! А, тој сега не му се јавува ниту на детето. Јас и напишав порака: “Како не ти е жал на детето да му го земаш таткото?” Го лажеше моето дете дека ќе му подари куче, а му го украде таткото! Не верував дека некој може да биде толкаво дно!
Фото: Никола Томиќ/ Инстаграм принтскрин