Билјана и Ацо Пејовиќ засекогаш ќе го паметат 22 септември, а причината е повеќе од убава. Познато е дека ќерките Магдалена, Марија и Ива, на Билјана и Аца им се се’ на светот и кога се здрави и среќни ништо не им треба, но кога животот носи ваков убав настан има многу простор за солзи радосници.
Имено, средната ќерка на Билјана и Аца, Марија дипломирала на Медицинскиот факултет, а пејачот решил да направи гала прослава на која ќе присуствуваат бројни познати личности.
Во пријатната атмосфера на познат ресторан и со звуците на оркестарот на Аце Софронијевиќ, семејството Пејовиќ до раните утрински часови го славеше успехот на Марија.
„Бајката ја напиша @peja_97, а ние сме тука да го прославиме нејзиниот величествен успех!“, се пофали Весна Милановиќ на Инстаграм и откри малку од атмосферата од прославата.
Меѓу највеселите гости беше Драгана Катиќ, која никогаш не криеше дека е многу приврзана за семејството на популарниот пејач и успехот на неговите деца го гледа како свој.
фото:Instagram printskrin