Радио Милева
„сети се“

Среќни спомени од детството: Каролина е мала буцка, Марјана шармерка, а Калиопи сериозна слатка дама (фото)

Среќни спомени од детството: Каролина е мала буцка, Марјана шармерка, а Калиопи сериозна слатка дама (фото)

На социјалните мрежи доста често се појавуваат трендови или предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот копање по спомените и минатото.

Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја видела досега.

Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности, едни се пејачи, други водители, трети актери…

Овој пат гледате едно мало слатко буцкасто девојченце со коси очиња како се ниша на лулашка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Оваа мала убавица денес е една од најпознатите пејачки која секојдневно ја слушаме и гледаме. Веројатно веќе погодувате, оваа слатка малечка е Каролина Гочева.

На предизвикот „Сети се“ на СОС Детско село за создавање спомени за среќно детство се приклучи и Марјана Станојковска која на неколкуте фотографии е неодолива мала шермерка со темна коса, и впечатливо лице со напрчено усте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Меѓу повеќето познати кои ни покажаа како изгледале во детството беше и Калиопи, облечена со плетено џемперче со фризура со шишки и став на вистинска мала дама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Харизмата и шармот се познааваат од мали нозе, а веруваме дека уште тогаш повозрасните велеле дека детето има ѕвезда, што денес е и вистина.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева