Радио Милева

Среќна роденденка: Наследничката на Милена Антовска наполни една годинка (фото)

Среќна роденденка: Наследничката на Милена Антовска наполни една годинка (фото)

Македонската водителка Милена Антовска пред една година се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата ќерка Лана Марија.

Оттогаш, Милена се повлече од медиумите за да го посвети своето време на мајчинството и да ужива во среќните мигови.

„Лана Марија за мене е најслаткото, најубавото и најмило бебенце. Не е спанка. Преку ден речиси и да не спие, пргава е, ама лесно можеш да ја анимираш. Сега е во фаза кога сè ја интересира и разгледува наоколу“, изјави Милена во едно интервју.

Деновиве, Милена заедно со ќерката и сопругот Гордан ужива на одмор, а Лана Марија наполни една година.

Водителката на Инстаграм се пофали со  фотографија од славеничката.

„Една година нова димензија на животот…Да си жива и здрава љубов моја и уште многу години да не радуваш“, напиша Милена покрај објавата, а честитки пристигнаа од сите страни.

Инаку, Милена пред неколку месеци се врати на својата работа, но за септември најави нови проекти и дека гледачите ќе може да ја гледат во ново издание.

фото: Инстаграм

To top