Велат дека тетката е втората мајка во животот, а се додека сме во овој реален свет, свесни дека бесмртноста е само мит, сепак не сакаме да помислиле на денот на разделбата за патот кон другиот свет некогаш ќе дојде.
Годините во овој случај воопшто не се важни, бидејќи се двоиме од она што ни е прилепено за срцето и умот.
Нашата поп-пејачка Калиопи Букле утрово преку својот Инстаграм се прости од својата тетка Лули на која и посвети посебно писно за збогум во кое напиша:
Ти беше Таа што за прв пат ме однесе на Опера… ја гледавме “Тоска”… Имав само 6 години и за време на претставата ти велев:” Тето, тето! Пеачката гледа цело време во мене додека пее!” Таа ноќ после претставата , одевме пешки од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе … Цело време по пат ти пеев… Кој знае колку смешна сум ти била…Но ,Ти во секој еден момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш… Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен Мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне … И до твојот последен здив, Ти пееше со мене… Овие редови Ти ги посветувам тебе моја единствена , зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала… Иако, Ти сето ова веќе го знаеш…
Среќен ти пат кон вечноста!
To My beautiful , irreplaceable,unique and incredible aunt Luli…, напиша Калиопи.