Среќата на Рафаел Надал не траеше долго. Откако кон средината на јуни низ целата планета грмеше веста дека еден од најдобрите тенисери на сите времиња ќе стане татко, деновиве од Шпанија пристигнуваат не толку добри вести.
Сопругата на Надал, Марија Франциско Перело, е сместена во приватна клиника во Палма де Мајорка, каде најверојатно ќе и биде извршена итна операција, пишува весникот „Периодико“.
За среќа, деталните прегледи утврдиле дека со бебето се е во најдобар ред и дека е надвор од животна опасност, но таа засега ќе остане во болница за превентивно да се следи нејзината состојба.
Познат како личност која го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, Надал збеснал што некој ја фотографирал неговата бремена сопруга и открил детали за здравствената состојба, поради што сериозно размислува за тужба.
Засега останува непозната причината опоради која бремената сопруга на Надал наводно треба да биде оперирана.
фото:Profimedia/Getty Images