Живот и Стил

Среќата е лековита: Го штити нашето тело од инфекции и нѐ чува од мозочен удар

Среќата е лековита: Го штити нашето тело од инфекции и нѐ чува од мозочен удар

Негативните емоции често се поврзуваат со срцевите болести. Кога се чувствуваме добро и среќно, учиме да живееме во моментот и му помагаме на нашето тело да биде поздраво.

Многу истражувања покажуваат дека среќата благотворно влијае на нашето здравје. Позитивното размислување ни помага да имаме нормален притисок, оптимална тежина, здраво срце и помалку маснотии.

Едно истражување кое неодамна е спроведено на универзитетот Харвард во САД покажува дека позитивното размислување и среќата го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Соња Љубомирски, професор по психологија на универзитетот во Калифорнија истакнува дека на среќата влијаат животните околности (околу 10%), нашата генетика (50%) и околу 40% од среќата се под влијание на нашето однесување и постапки.

Не е лесно да бидеме среќни, но тоа може да се постигне со добри навики како физичка активност, редовно дружење со пријателите, квалитетен сон и балансирана исхрана. Оптимистите полесно се вклучуваат во здрави активности бидејќи ги доживуваат како помош во остварување на своите цели, кои ги прават посреќни и поисполнети.

извор:курир.мк

To top