Болките во горниот дел од стомакот или долниот дел од градите, кои можат да бидат придружени со гасови, мачнина и чувство на надуеност по оброк, се чести стомачни проблеми, наречени диспепсија. Прочитајте како сами да се справите со нив.
- Не јадете пребрзо
Џвакајте бавно и џвакајте добро, затоа што на тој начин помалку воздух ќе навлезе во желудникот. Исто така, не мешајте премногу различни видови храна.
- Храната треба да има соодветна температура
Јадењата не треба да бидат премногу жешки, ниту пак недоволно термички обработени.
- Никогаш не го преполнувајте желудникот
Секогаш кога станувате од јадење треба да имате чувство дека можете да изедете уште.
- Не вечерајте предоцна
Имајте полесна вечера, барем два до три часа пред легнување.
- Негативните емоции го блокираат метаболизмот
Не јадете кога сте загрижени, уморни или нерасположени, затоа што негативните емоции го спречуваат излачувањето на дигестивните течности.
- Внимавајте на внесот на течности во телото
Можете да пиете половина час пред оброк и еден час по него. За време на оброкот препорачливо е да пиете единствено млеко, маштеница или растителна супа.
- Избегнувајте алкохол, кафе, црн чај и засладени пијалаци
Кога сте соочени со болки, откажете се и од: сенф, оцет, конзервиран зеленчук, компири и месо. Јадете повеќе сочна храна и најмалку што можете сува храна. Ладните пијалаци се забранети.
- Отидете на преглед
Проверете дали причината за Вашата диспепсија е нетолеранцијата на лактоза.
- Внимавајте на телесната тежина
Диспепсијата може да настане и како последица на емотивен или физички стрес и прекумерна телесна тежина.
- Вежбајте
Редовната физичка активност спречува појава на повеќе видови болести, вклучително и диспепсија.
- Што да направите кога имате болки?
Ако проблемот не е од органска природа (бактериска инфекција, ранички, чиреви итн.), можете да започнете со рестриктивна диета. Ако проблемите продолжат и понатаму, треба да се консултирате со матичниот лекар кој ќе Ви препише терапија.
- Што да јадете?
Најдобро е да јадете овошје, затоа што ги елиминира несварените остатоци од храна. Најефикасни се лимоните, потоа грозјето, грејпрфут, ананас, портокал, јаболка и круши. Можете да си исцедите сок и да го измешате со мед. Грицкајте моркови, јадете малку обарен зеленчук и јадете маштеница, јогурт и сирење.
- Пијте чај
Сварете си чај од пеперминт или камилица, со мед и лимон.
- Користете зачини
Зачинете ја храната со ѓумбир, коријандер, бибер или рузмарин.
- Рецепти што ја олеснуваат мачнината
Сок од калинка со бибер и крупна сол; -Маштеница со крупна сол и печени семки од кумин; -Сок од четврт зелен лимон, чашка млака вода и половина кафена лажичка сода бикарбона; -Свеж сок од ананас, малку ѓумбир, бибер и половина кафена лажичка шеќер.