Светското првенство во фудбал треба да биде во спортски дух и здрави навики. Но нештата отидоа далеку од тоа за спортските новинарки кои известуваат од Русија.
До овој момент пребројани се најмалку четири сексуални напади на некои од спортските новинарки. Новинарката Ахтзири Карденас исто така е пример дека доживеала на среде вклучување во живо некој и дофрла навреди на руски јазик.
Неколку минути подоцна се вратил и ја фатил за меѓуножјето. Потоа следи снимка како еден од навивачите ја бакнува новинарката од Бразил, Јулија Гимарес која се подготвува за вклучување во живо.
Periodistas de televisión denuncian el acoso sexual. #deixaelastrabalhar #dejalastrabajar pic.twitter.com/ryRWlFa64t
— PlayGround (@PlayGrounder) July 5, 2018
-Ова не е во ред. Никогаш немој да им го правиш ова на жените, разбираш?, кажа новинарката на момчето кое се извини.
Репортерките од Бразил се посебно изложени на сексуални напади, кои секако може секоја жена да ги доживее. Затоа покренаа проект во кој отворено зборуваат за ваквото вознемирување и сексизам. Моментално новинарките соработуваат со полицијата и обвинителството.