Радио Милева
времето не лечи се'

Спомени кои болат засекогаш: Сузана Турунџиева проговори за загубата на братот – „Животот ми го зеде највредното“ (фото)

Спомени кои болат засекогаш: Сузана Турунџиева проговори за загубата на братот – „Животот ми го зеде највредното“ (фото)

Болка, немир и невидена празнина и приреди животот од загубите кои досега ги претрпе. Познатата пејачка водителка и писателка Сузана Турунџиева со загубите кои и ги донесе смртта, стана посилна за да се носи со новото утре, но никогаш зацелена со тоа дека времето лечи се’.

Сузе пред седум години го загуби сопругот Марјан кој почина млад, а пред повеќе од 20 години таа остана и без братот Панде.

Секој ноември е тмурен и посебно тежок кога се обележува негов помен, а ужалената сестра секогаш ќе остане да се сеќава на убаво поминатото време од детството и младоста. Токму една таква заедничка фотографија како спомен кој боли и пече, таа објави на својот Фејсбук во спомен на постариот брат Панде.

-12 ноември 2001… Денот, после кој ништо не е исто…
На тој ден животот ми го зеде единственото братче Панде – најдоброто и највредното во нашето племе, ама пак ми подари неколку скапоцени женски и машки братчиња кои не ме оставија никогаш сама, дури и тогаш кога јас кренав раце од себе… Фала ти животе, напиша Турунџиева.

Инаку, животот на Панде Турунџиев згасна на 36 годишна возраст под засега неразјаснети околности, барем за јавноста. Братот на Сузана Турунџиева беше градежен инженер кој работи во Канада.

фото: фејсбук/Сузана Турунџиева

Останати вести од Радио Милева