Радио Милева
Мамин живот

Специјален ден – роденден на Хана: Мама Тамара објави досега невидена фото -галерија од својата прва мајчинска љубов (фото)

Специјален ден – роденден на Хана: Мама Тамара објави досега невидена фото -галерија од својата прва мајчинска љубов (фото)

Времето лета, а децата си растат, па како да беше вчера кога пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар објавија дека се роди нивната принцеза Хана.

Денес,29-ти април, Хана полни 6 години, а мама Тамара овој голем ден за нивното семејство го започна емотивно со галерија фотографии од Хана, од моментот на нејзиното раѓање до денес каде е дадичка на братче.

Некои од фотографиите се досега невидени, особено онаа каде Хана е фотографирана во болница непосредно по раѓањето.

 

На секоја од фотографиите Тамара пишуваше коментари кои создаваат уште една совршена слика на длабоката мајчинска љубов.

 

„Мамина лепотица, мамино прво око, мамина глумица, мамина спанка…“

Хана секоја година има тематски роденден, а како годинава ќе го прослават останува да видиме…


Среќен роденден Хана!

фото:Инстаграм/тамара тодевска

Останати вести од Радио Милева