Нема ништо поубаво од негувана и мека кожа, но патот до таков резултат не е лесен. Уште повеќе, често е болно, особено кога станува збор за депилација.
Сепак, постои рецепт со кој вашата кожа ќе биде мазна, а влакната полека ќе ви растат.
Тајната е во смесата со лушпи од орев!
Рецепт:
Она што треба да направите е да испечете лушпи од ореви и да ги сомелете во прав. Добиената количина треба да одговара на една лажица. Потоа, тој прав измешајте го со еден литар вода и оставете го да отстои 24 часа.
Кога ќе помине тој период, промешајте ја течноста, земете памук, натопете го и премачкајте ги деловите од телото од кои сакате да ги отстраните влакната. Оваа постапка треба да се применува 3 пати на ден, додека не ги добиете посакуваните резултати.
Во зависност од дебелината на влакната, некои жени ќе доживеат драстично проретчување, додека на други ќе им биде целосно отстранета.
Забелешка:
Пред да се одлучите за овој тип на отстранување на влакна на телото, консултирајте се со вашиот дерматолог за да дознаете дали вашиот тип кожа може да се справи со тоа.
Извор: Курир