Во текот на летните горештини воопшто не е едноставно да изгледате уредно на работното место, а притоа да се чувствувате и пријатно. Сепак, она што дополнително ја комплицира целата ситуација се и правилата кои треба да се почитуваат за облеката на работното место.
Кога станува збор за облеката на работното место важно е да се фокусирате на лесни парчиња, а удобноста да ја ставите на прво место за да си го олесните исполнувањето на секојдневните обврски од вашиот долг список.
Голем број работни места не дозволуваат комбинации кои вклучуваат кратки панталони и топови кои се омилен летен избор, но затоа во својата облека може да вклучите подолги панталони во широк крој кои ќе ги комбинирате со лесна кошула или топ во иста нијанса, на која ќе додадете сако.
извор:среќа.мк