Живот и Стил

Совети за туристи: 13 работи што не треба да ги правите во Хрватска

Совети за туристи: 13 работи што не треба да ги правите во Хрватска

Хрватска е популарна туристичка дестинација, како за жителите на балканските земји, така и за туристите од Европа и светот.

Земјата особено дојде до израз на мапата на примамливи дестинации откако стана локација за снимањето на ТВ-серијата „Game of Thrones“ и со неодамнешниот голем успех на хрватската фудбалска репрезентација – освојувањето на второто место на Мундијалот во Русија.

И покрај овие занимливости, Хрватска отсекогаш имала што да понуди, од природни убавини, до култура, традиција и забава за туристите.

Еден од најпопуларните блогери за патување, Марк Волтерс, посвети една од неговите емисии на каналот YouTube токму на Хрватска и издвојува 13 работи што не треба да ги правите кога ќе ја посетите оваа прекрасна земја.

Дел од неговите совети, како на пример дека Хрватите се гласни и дека не треба да се плашите дека се расправаат кога само пријателски се поздравуваат, не би требало да ги изненади македонските туристи, бидејќи тоа е во голема мера балканска карактеристика.

Но, поголемиот дел од советите на Марк се корисни за секој турист, како на пример дека не треба да заборавите дека во земјата се плаќа во куни, а не во евра, и дека е крајно време да се престане со муабетите за Југославија и војните.

извор:кајгана
To top