Живот и Стил

Совети за шминкањето во зима

Совети за шминкањето во зима

Најчестата грешка која жените ја прават е тоа што користат иста нијанса на пудра како во лето, но освен ако не одите на солариум во текот на цела година, во зима кожата ви е посветла за нијанса или две, па со тоа и пудрата треба да биде посветла. Камените пудри или течните со мат ефект можеби помагаат при спречување на сјајот на лицето, но истовремето ја сушат кожата, што не ви е дополнително потребно во зима.

  • Во зима преферирајте пудри со кремаста текстура и навлажнувачки ефект, избегнувајте пудра во прав.
  • Во зима усните често се сушат и пукаат, а со мат кармините само го поттикнувате процесот и правите усните да изгледаат непривлечно. Користете кармини или лабела со покремаста текстура, кои ќе ги омекнуваат и штитат усните.Сјајот за усни во зима прво е непрактичен доколку има ветер, или ставате марами и шалови околу уста, плус, има лош ефект на ладното, исто како кога ги лижете усните и предизвикувате полесно пукање.
  • Во зима не смеете да си дозволите снегот или дождот да ви ја размачкаат шминката, или пак насолзените очи од студеното време, па затоа задолжително користете водоотпорна маскара и моливче за очи.
To top