Живот и Стил

Совети од врвни пекари: Три состојки кои секое тесто ќе го направат меко и воздушесто

Совети од врвни пекари: Три состојки кои секое тесто ќе го направат меко и воздушесто

Ако сте од оние кои обожаваат леб, пецива и домашни колачи, тогаш овој совет ќе вреди злато. Сите се согласуваат дека една од најважните вештини во кујната е да знаете да замесите добро тесто, а тоа не го може секој.

За вас имаме совети од професионалци кои откриваат какви намирници се додава во тестото за да биде подобро и повоздушесто.

Постојат некои намирници кои целосно ќе го трансформираат тестото и ќе го направат поубаво, како на изглед, така и кога станува збор за вкусот. И она што е исто така одлично е што ќе остане свежо подолго.

Овие три намирници прават чуда за тестото:

Скроб

Може значително да ја подобри структурата на тестот и целосно да ја промени. Освен што помага тестото да стане повоздушесто и полесно, пецивата на кои им е додадена оваа состојка остануваат меки подолго време. Можете да додадете скроб директно во брашното, а 30 грама се доволни за стандардна порција тесто. Искусните пекари редовно го вклучуваат при правење тесто.

Гриз

Благодарение на гризот тестото ќе биде поквалитетно и повкусно, а оваа состојка може да го ослободи од вишокот на влага која често го расипува готовото пециво. Колачите во кои се додава гриз остануваат свежи подолго, а само една лажица ја прави таа разлика.

Млеко

Ако работите со тесто од квасец, тогаш задолжително измешајте го квасецот со млеко. Важно е да не е ниту врело ниту ладно, туку топло. Ако го измешате квасецот со млеко, а не со вода, тестото ќе биде повкусно и ќе има поубава боја, а благодарение на млекото ќе добие и убава кора.

Извор: Курир.мк

To top