Сигурно и вие сте забележале дека колку почесто ја миете косата, толку почесто ви се мрси и станувате дел од маѓепсан круг од кој нема излез.
Некои трикови од стилистите ќе ви помогнат да ја одржите вашата коса чиста и убава подолго време:
Планирајте ги фризурите
Планирањето на фризурите ќе ви овозможи да ја миете косата поретко.
Па, така и стилистите на Ким Кардашијан во текот на седмицата прво ѝ прават лелеава фризура, па ѝ ја пеглаат косата и на крај ѝ ја собираат во опавче.
Нанесувајте шампон професионално
Водата нека биде со умерена температура. Добро навлажнете ја косата, па ставете шампон во големина на голема монета на дланката (монета од 5 денари). Разнесете го по дланките, па со нежни кружни движења нанесувајте на косата.
Плакнењето на косата треба да биде двапати подолго отколку нанесувањето. Не смее да има остатоци од шампон.
Завршете го миењето со студена вода затоа што на тој начин кутикулите на влакното ќе се зацврстат, а косата ќе биде хидрирана и сјајна.
Чај од жалфија
Жалфијата ја регулира работата на лојните жлезди, го смирува скалпот и лекува воспаленија.
Во еден литар вода ставете 4 кафе лажички сува жалфија и сварете. Откако ќе се олади посипете ја вашата веќе измиена коса.
Распоред на миење
Најдобро е постепено да го намалувате темпото на миење на косата во текот на седмицата за излачувањето на вашите лојни жлезди полека да се намали и балансира, по нарушениот ритам на работа од секојдневното миење на косата.
Сув шампон пред вежбање
Користењето на сув шампон по вежбањето е речиси бескорисно, бидејќи косата веќе е толку масна што не може да ѝ помогне.
Подобро е да го нанесувате пред вежбањето за потоа да ја апсорбира потта додека вежбате.
Редовно менување на навлаката на перницата
Да се спие на чиста постелнина не само што е пријатно, туку е и корисно за косата. Постепено навлаката акумулира клетки од епидермисот и остатоци од козметички продукти, па станува пријатна средина за развој на бактерии.
Навлаката менувајте ја еднаш во седмицата, а ако косата ви е многу мрсна, тогаш правете го тоа двапати неделно.
Лимонада за косата
Измивањето со лимонов сок прави да се елиминира маснотијата, креира природен сјај и прави вашата коса подолго да биде свежа и волуменозна.
Во еден литар топла вода, истискајте 1 лимон и потоа масирајте го скалпот со течноста.
Подигнете ја косата од скалпот
Кога сте дома, собирајте ја косата во високо опавче.
Оваа навика ќе направи таа да не ви се мрси толку многу плус кога ќе ја пуштите ќе имате екстра волумен.
Негувајте го скалпот
Повеќе маски и регенератори се направени за краеви на косата. Но, постојат и маски за скалпот.
Со нив од време навреме треба да направите убава масажа на скалпот.
извор:popara.mk