Хрватската водителка Николина Пишек на почетокот на кариерата изгледаше поинаку. Како што пишуваа хрватските медиуми, Николина го оперирала носот и градите, а ги зголемила и усните.
Таа со години важи за една од најубавите жени во регионот, но не е тајна дека и нејзиниот изглед го дотерал пластичен хирург.
Вдовицата на Видоје Ристовиќ пред десет години имаше неколку операции на носот, ги зголеми усните, а очигледно е дека има силиконски импланти во градите.
Сепак, судејќи по фотографијата која се појави на социјалните мрежи, Пишек изгледала поразлично.
View this post on Instagram
Таа еднаш за медиумите зборуваше за операцијата на носот, која и направи многу проблеми.
„Имаше непрофесионална процедура која резултираше со повеќе проблеми – од естетска и медицинска природа. Сега можам да тврдам – ми беше отстранета ‘рскавицата и непрофесионално беше поставен лакот, што предизвика сериозно отстапување и многу дискутабилен естетски резултат.
– Сакам да истакнам дека откако ќе се направи штетата е многу потешко да се вратиме на стартната позиција, а камоли да ја подобриме целокупната слика. Затоа, ако планирате да се подложите на процедура, размислете за опциите, бидете добро информирани и отворете ги очите пред да преземете нешто“, изјави Николина за Estetic.rs пред неколку години.
фото:Инстаграм принтскрин