Шабан Шаулиќ и неговата сопруга Гоца изградиле вила на Дедиње пред неколку години, каде што поминуваат поголем дел од времето кога тој не е на пат или во викендичката во Крчедин.
Дали кралотот на народната музика живее кралски, откриваат неговите соседи.
„Не сум го видел долго време, бидејќи тој беше болен. Инаку ги среќавам и убаво ќе си се изнамуабетиме. Одлични соседи се и тој и Гоца. Прекрасни луѓе се, луѓе од народот, со кои можеш да застанеш и да поразговараш. А такви се со сите комшии“ – ќе изјави соседката на Јелисавета, за српски Блиц.
Една друга сосетка пак открива дека болеста на Шабан не е безопасна, како што пишуваше во медиумите, и тоа не е проблем со вените. Во прашање е срцевата аорта и неговото семејство стравува дека наскоро тој ќе мора да заврши на операциона маса.
„Гоца е змеј, таа го држи семејството заедно и се бори како лавица.Ако не беше таа, немаше да ја имаат оваа вила на Дедиње, но гледам дека овојпат таа е сериозно загрижена и насекирана“ – завршува соседката на кралот на народната музика, која ја открива неговата вистинска здравствена состојба.