Според неофицијални информации првиот човек на „Facebook“ им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на онлајн платформата „Clubhouse“.
Апликацијата „Clubhouse“ е релативно нова апликација, која се појави во 2020 година. Тоа е платформа за аудио разговор каде корисник може да стане само оној кој ќе добие повик од некој што веќе ја користи.
Од „Facebook“ веќе пристигна информација дека работат на решенија кои на корисниците ќе им понудат нови начини на комуникација, а сега како продолжение на таа приказна доаѓа веста дека станува збор за аудио формат, кој „Facebook“ планира да го користи во рамките на своите услуги и апликации.
Mark Zuckerberg on @joinClubhouse now 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/HhDErqrxpm
— Andrew Chen (@andrewchen) February 5, 2021
Неофицијалните информации сугерираат дека „Facebook“ им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на „Clubhouse“. Работата на проектот е на самиот почеток, па сигурно ќе биде потребно многу време додека не се појави првата „употреблива“ верзија на апликацијата.
Инаку, „Clubhouse“ усепа да предизвика многу полемики за кратко време, бидејќи содржината на платформата не е модерирана, односно нема контрола врз тоа што објавуваат корисниците.
Покрај тоа, новата мрежа, меѓу другите, привлече и многу познати личности, па нејзини корисници се и Опра Винфри, Ештон Качер, раперот Дрејк и секако, Илон Маск.
Извор: Курир.мк