Една од најубавите фолк пејачки на македонската народна сцена, Катерина Танева Ѓорѓиев или попозната како Кате “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од две децении.
Музиката остана нејзината примарна професија, а и покрај многуте испеани песни, публиката најмногу ја памети по легендарната „Запри дожду“.
Освен по песната и гласот како слаевј, кавадарчанката Танева беше препознатлива и по својата природна убавина, а споредено со денес, за Кате како времето да застанало.
Денес таа е сопруга и мајка на прекрсана ќерка и со семејството живее во скопската населба Припор.
Екипата на Канал 5 телевизија , за чија утринска емисија Кате готвеше прекрасен специјалитет, покажа и дека е вешта домаќинка која одлично се снаоѓа во кујната.
Во разговорот, Кате ја прашаа за дилемите во јавноста околу тоа дали нејзиниот сопруг е нејзин колега, односно музичар бидејќи речиси секогаш со неа е на настап?
-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи. Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи- откри Кате и ги „размрси“ конците.
фото:фејсбук/кате танева ѓорѓиев