Сопругот на Пинк, Кари Херт раскажа повеќе детали за здравствената состојба на пејачката и нејзиниот син кои се позитивни на корона.
Пинк на 3 април на својот „Инстаграм“ откри дека двајцата се позитивни.
„Беше напнато. Двајцата се разболеа. Мојот син имаше полоши симпотоми, а тоа ја демантираше теоријата дека заболуваат само постарите луѓе. И мојата жена беше многу лошо. Коронавирусот и ги нападна белите дробови. Тешко дишеше“ вели Харт во емисијата „Jason Ellis Showu“.
„Пинк стана многу нервозна кога види дека се шири коронавирусот, се смета загрозено поради ситуацијата со асмата. Никаде не одевме, бевме во потполна изолација. Живееме во мал град и не сакавме никој да заразиме. Само бевме кај доктор и педијатар“ додава Харт.
Пинк ја критикуваше владата за тоа што тестирањата не се достапни, а болеста е доста сериозна.
„Луѓето мора да знаат дека болеста влијае и на млади, стари, здрави и нездрави, богати и сиромашни, а тестирањето мораме да го имаме бесплатно и широко достапен, за да можеме да ги заштитиме нашите деца, нашето семејство, пријателите и нашата заедница“ изјави пејачката.
Добрата вест е што Пинк и нејзиниот син се веќе оздравени од коронавирисот