Музичарот и текстописецот Кит Урбан јавно пред сите својата сопруга Никол Кидман ја нарече „манијак во кревет“.
Имено, по 13 години брак тој одлучил да и посвети песна на сопругата која е насловна „Близнак“ што и таа е во хороскопски знак.
Кога една соработничка го замолила да ја пише Никол, тој објаснил дека таа е манијак во кревет, но дека е паметна во главата.
„На мојата сопруга и се допаѓа песната“ изјави Кит во едно интервју.
Многу жени на социјалните мрежи коментираа дека Кит претерал што ја открил интимата, но на Никол тоа не и пречи. Дури и таа сама има изјавено дека сака да експеремнтира во кревет.
„Во животот истражував разни видови на љубов. Истражував опсесија, но го истражував и духовниот аспект на бракот“ изјави Никол во 2009 година.
Никол и Кит се веначаа во 2006 година, а заедно имаат две ќерки.