Раперката Карди Би неодамна поднесе барање за развод од сопругот Офсет.
Наводно, причина за нивниот развод е неверство, но и нагодувањата дека раперот очекува дете со друга жена.
„Веќе еднаш ја изневери, веднаш кога им се роди ќерката. Таа тогаш му прости, но сега не сака. Уште повеќе ја налутија гласините дека раперот чека дете со друга жена“ вели извор близок на парот.
Карди пред неколку дена поднела судска постапка за да се разведе од сопругот, а првото рочиште им е закажано за 4 ноември.
„Секако дека не е океј мажот да ја изневерува жената, но сакам да дадам друга шанса. Ќе се обидам да ги средам односите, ако тоа воопшто е можно“, изјави Карди Би пред две години кога дозна за првото неверство на сопругот.