Бившиот тенисер и сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ си ја отвори душата и ја раскажа својата животна приказна.
„Од парите кои ги имав заработено ја создадов „Гранд продукција“ за две недели. По неколку месеци ни изгоре студиото, се што вложив исчезна преку ноќ. Тогаш дојде Саша Поповиќ и ме праша: „Што ќе правиме сега?“, а јас му одговорив: „Ќе направиме поголемо и поубаво студио“. Морам да признам дека Саша Поповиќ направи вистинска медиумска работа“, изјави Боба во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“.
Тој зборуваше и за бракот со Лепа Брена.
„Јас сум сопруг на Лепа Брена цел живот. Кога бев мал, мене мајка ми, ми ја пушташе Лепа Брена и јас така заспивав“, додава Боба.
Тој истакна дека жената е глава на куќата.
„И Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме, се почитуваме. Од кога започна короната ние сме заедно 24часа. Нашиот однос стана уште посилен. Во бракот мора да постои почит и компромис“, изјави Живојиновиќ.
Тој вели дека семејството е неговиот најголем успех, но дека во денешно време е многу тешко да се одржи брак.
„Семејството е мојот најголем успех во семејството. Тоа е нешто најсветло што човек може да доживее. Мојата желба беше да создадам такво семејство во кое сите меѓу себе ќе делиме љубов, почит. Ние сме специфични, секој си има своја слобода, но кога на крајот ќе се прегрнеме сите, тоа е тоа“, вели сопругот на Брена.