Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена неодамна добија син, кој го нарекоа Дамјан. Јелена веќе има два сина од првиот брак, а до сега јавноста не ги знаеше нивните имиња. Радановиќ која од породувањето е многу активна на социјалните мрежи, сега ги откри и имињата на своите синови.
– Таткото на Дамјан, а полутаткото на Лука и Наум (Лука го измисли терминот), а мое сѐ – напишала сопругата на Слоба на нејзиниот Инстаграм профил.
Пејачот кој ги полни клубови низ регионот откри како се снашол во улогата на татко.
– Чувството е совршено, секој ден станува се поубаво и поубаво. Да знаев дека е вака, можеби ќе го направев тоа порано. Правам се, ја оставам да се опорави. Ништо не ми е тешко, ниту да се разбудам, ниту да го бањам, ниту да сменам пелени – изјави тогаш пејачот.
За потсетување, Јелена и Слоба се венчаа на 14 февруари во манастирот Дубница, во градот Бозетиќи кај Нова Варош, кој е посветен на Света Троица.
Фото: Принтскрин/Инстаграм