Еден од нашите најдобри готвачи, кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола официјално стави крај на ергенскиот живот и заплива во брачните води.
Имено, на почетокот на месец јули шеф Никола и неговата сопруга Стефанија ставија потпис во матично и официјално нивната љубов ја крунисаа со брак.
Меѓутоа, она што посебени ги радува и ги прави нивните први брачни месеци да бидат уште посреќни, е нивнота ќерка.
Пред еден месец, Никола стана татко по вторпат, односно неговата сопруга му роди ќерка која одлучија да се вика Дарија.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/shef-nikola-od-brza-kujna-povtorno-stana-tatko-prvoto-mashko-a-vtoroto/
Деновиве, сопругата на Никола на својот „Фејсбук“ ја објави првата фотографија од ќерката, а во описот на фотграфијата напиша:
„Дозволи ми да те сакам уште малку, пред да биде уште малку повеќе. Нашата крофна Дарија наполни еден месец“ напиша Стефанија на фотографијата каде е што е Дарија и на која на англиски јазик пишува дека наполнила еден месец.
Инаку, Никола од првиот брак има син.
За потсетување, Никола не е повеќе дел од кулинарското шоу „Брза кујна“. Како што објасни водителката Александра, без да направат отстапки од концептот, се решиле за едено големо изненадување за гледачите, односно да ангажираат нови шефови на местото на Марк и Никола.
Па така, пред камерите заедно со асистентите, сега пред предизвикот да готват за 20 минути се Филип Поповски и Бобан Симоновски.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mark-i-nikola-smeneti-od-brza-kujna-ova-se-novite-shefovi-vo-popularnoto-kulinarsko-shou-foto/