Гордана Шаулиќ, сопругата на починатиот пејач Шабан Шаулиќ се огласи по повод исчезнување на Турчинот кој беше обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која почина музичката легенда.
Гоца тврди дека судот во Германија знае каде се наоѓа Алсин Левент, обвинетиот за сообраќајката.
„Верувам во правосудниот систем на Германија. Правосудните органи знаат каде се наоѓа“ вели Шаулиќ.
Таа откри и дека нејзиното семејство постојано е во контакт со тамошното обвинителство и дека се надеваат дека судењето наскоро ќе започне.
„Во контакт сме со обвинителството и имаме информација дека судењето наскоро ќе започне. Процедурата требаше одамна да започне, но тоа ќе се случи. Според тамошните закони, очекувам да ја добие максималната казна“ вели Гордана за „Информер“.
За потсетување, Шабан Шаулиќ почина претходната година во февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.