Тие спаѓаат во групата најпознати парови во Шпанија и светот. За нив се знае сè и сешто, а она што било непознато во нејзиниот брак со Серхио Рамос, Пилар Рубио го открила гостувајќи во емисијата „La Resistencia“.
Пилар Рубио била гостинка во емисијата на контроверзниот шпански водител Давид Бронкан, познат по интригантните прашања какво што секако било и она кое ѝ го поставил на сопругата на Серхио Рамос, својата колешка, со оглед на тоа што таа од 2014 година го води „El Hormiguera“.
View this post on Instagram
Водителот ја прашал колку пати неделно води љубов со својот сопруг:
„Секој ден. Понекогаш и по неколку пати дневно. Секако, кога не сум во Мадрид на снимање емисии“, одговорила Пилар и предизвикала реакции во студиото.
Водителот се надоврзал: „Па, не е ниту чудно што имате четири деца“.
И, додека прашањето за интимните односи не ѝ претставувало проблем, на она кое се однесувало на нејзината водителска плата не сакала да одговори.
View this post on Instagram
Па, добро и тоа е дел од интимата. Меѓутоа, таа се согласила да каже колку пари има на банкарската сметка: „Само 52 илјади евра, и тоа е тоа“, изјавила.
Споменатата бројка е „ситница“ во однос на повеќе од 10-те милиони евра на колку се проценува богатството на нејзиниот сопруг, но сепак и нејзината не е занемарлива бројка.
View this post on Instagram
Пилар Рубио и Серхио Рамос се во брак од 2019 година и имаат четворица синови, Алехандро, Максим, Серхио и Марк.
За неа велат дека е најубавата меѓу сопругите на фудбалерите, а често умеат да ѝ ја доделат и „титулата“ божица.
фото:Инстаграм принтскрин