Гордана Илиќ, сопругата на пејачот Мирослав Илиќ никогаш не сакала развод. Таа со години веруваше во верноста на сопругот, а сега срцето и е скршено.
Гордана Илиќ никогаш не го сметала разводот како опција, без оглед на турбулентните денови што некогаш ги имала со својот сопруг. Меѓутоа, сега кога првостепената пресуда го потврди татковството на Мирослав Илиќ, кој се уште одбива да го признае синот Девин, нејзиното срце е скршено.
Имено, како што открива блиската пријателка на Гордана,таа никогаш повеќе не посакувала да го прекине бракот и да замине. Бесна што со години безусловно му верувала, Гоца била целосно скршена. Сепак, Мирослав се уште не сака да го признае Девин и тврди дека сето тоа е невистинито:
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој во документите е наведен како негов татко. Но, ако сака тој човек повеќе да не му биде татко, туку јас, прво мора да му го поништи татковството на тој господин – јасно го кажа својот став.
Останува да видиме дали Гордана Илиќ ќе го одбие разводот како идеја која настанала во момент на лутина и дали нејзиниот сопруг ќе ја убеди сепак да биде на негова страна. Сепак, факт е дека по долги години борба и лаги, вистината и излезе пред очи и и го скрши срцето.
фото:АТА Images/Gloria