Пејачот Мирослав Илиќ во една прилика откри дека месечно троши околу 3.000 евра, што предизвика бројни полемики во јавноста, а по неговата изјава се огласија и други познати луѓе.
Имено, меѓу нив беше и Слаѓа Трајковиќ, сопругата на пејачот Ѓани Трајковиќ, која откри колку пари троши на месечно ниво, додека некои едвај врзуваат крај со крај. На изјавата дека на Мирослав Илиќ му се доволни 3.000 евра, Слаѓа го кажа следново.
– Без разлика какви се 3.000 евра, само ако се грее во Смедеревац на дрва. Толку ми треба само за сметки. Најмногу трошиме на сметки, затоа што сега не одиме никаде, 10.000 евра минимум. Четири стана, сметки за се, инфо стан, струја… Па плати, фирма, придонеси… Трошоците ни се огромни – рече тогаш Слаѓа.
Со оглед на тоа што нејзината изјава ја налути јавноста, Слаѓа потоа подетално објасни што сака да каже:
– Да, но луѓето не разбраа што мислев кога го кажав тоа. Ѓани добро заработуваше, па подигнавме кредити, плаќавме за школување на нашите деца. Сметки, придонеси, даноци… Не јадеме кавијар и не се расфрламе, а јас би сакала да ни бидат доволни 300 евра месечно. Никој не работи во семејството во моментов! Им помагаме на нашите синови и ја поддржуваме нашата ќерка која има 15 години – изјавила таа за „Информер“ . Своето мислење и тогаш го кажа пејачката Зорица Марковиќ.
– Знам дека се богати и дека имаат толку имоти и дека сите треба да се одржуваат и да се платат, но тоа е претерано голема бројка. Не се сеќавам кој рече дека му требаат 2000 или 3000 евра. Па што правиш со тие пари? Јадете златни честички секој ден? Јас не разбирам. Кој има кој може да си го дозволи тој луксуз, добро, ама не треба да маваш со тие цифри,додека луѓето немаат леб да јадат. Тоа секогаш ме нервира. Мавтаа со неверојатни цифри за Нова Година, за настапи. Сакам да имаат што повеќе и да трошат уште повеќе, секој има право да заработува и троши како сака. Според мене, попаметно е да молчиме, отколку да му кажуваме такви работи на овој народ кој е во ваква ситуација, а не чека уште поголема криза – рече Зорица.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Дамир Дервишагиќ