Даниела Дворник, 52 годишната блогерка и сопругата на Дино Дворник се потсети на периодот кога пораките се пишувале на лист хартија.
„Тогаш немаше мобилни телефони, но имаше пораки напишани со рака. Немаше само кратки пораки, имаше и писма. Кога се појавија мобилните телефони ме „убиваше“ со пораки“ сподели Даниела.
Симпатичната порака која Дино и ја оставил пред едно патување гласи:
„Заминав во Госпич. Те сака Дино“.
Ова објава предизвика емотивни реакции кај следебениците.
Сопругата на Дино во коментар додаде дека кога ја објавила пораката, на радиото се емитувала песна од Дворник.
За потсетување, познатиот пејач почина пред 11 години. Неговата сопруга, Даниела на социјалните мрежи знае некогаш да објави фотографија со која се потсетува на нивната љубов.