Слатки или солени, мафините се пециво на кое никој не може да одолее!
Се подготвуваат многу брзо и лесно, во еден сад, за да нема премногу валкани садови, а готови се додека да трепнете.
Доколку немате идеја што можете да подготвите за појадок или вечера, тие се секогаш погодно и брзо решение, а незаборавниот вкус е загарантиран. Доколку се одлучите за овој рецепт, ќе добиете ултра меки и воздушести мафини, кои ја задржуваат свежината долго време.
Состојки:
4 јајца
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 шолја јогурт
1/2 чаша масло
1 лажичка сол
200 грама фино солено сирење
Подготовка:
Јајцата се матат убаво, па се додава маслото, а потоа и јогуртот. Потоа постепено додавајте брашно претходно измешано со прашокот за пециво и сол со постојано мешање.
Кога ќе добиете компактна смеса, без грутчиња, додадете ситно сирење, и сето убаво измешајте.
Истурете во корпи за печење и калап и печете околу еден час во загреана рерна на 180 степени.
извор:попара.мк
фото:shutterstock