Ако сте останале без идеи со што да го започнете денот, а обожавате меки домашни колачи, ова особено ќе ви се допадне.
Доколку сакате да подготвите брза и едноставна пита, а немате кори или не сте расположени да ги премачкувате и виткате, оваа варијанта е погодна бидејќи се прави без кори и месење. Сите состојки горе-долу се веќе во вашата кујна, а за питата да биде уште поубава и со појак вкус, задолжително додајте ја тајната состојка – кисели краставички. Можете да изберете кисела пиперка, можете и кисели краставички, а најдобро од се, двете!
Состојки:
4 цели јајца
180 милилитри јогурт
80 милилитри масло
360 грама брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
1 лажичка оригано
250 грама ситно солено сирење
сечкана шунка по желба
сечкана кисела пиперка по желба
сечкани кисели краставички по желба
Подготовка:
Во длабок сад се матат јајцата, па се додава јогуртот и маслото. Откако ќе добиете компактна смеса додадете го кашкавалот. Постепено се прелива брашното со постојано мешање со жица за матење и на крај сол и оригано, шунка, краставици и кисела пиперка во количина по желба.
Истурете во плех подмачкан или обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 200 степени.