Губењето на килограми е процес за кој е потребно да се обрне внимание на повеќе фактори. Покрај физичката активност и контролираната исхрана, која во никој случај не вклучува гладување, во овој процес можат да ви помогнат и малите нутриционистички трикови.
Еден од нив е сокот од три моќни намирници, кој го намалува чувството на глад, го забрзува метаболизмот, дава енергија и ни помага да се ослободиме од вишокот маснотии од телото.
Напитокот направен од јаболков оцет и мед е стар сојузник на слабеењето, а сега му се придружува и грејпфрутот кој меѓу другото го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го подобрува разградувањето на мастите.
Потребни состојки:
1 чаша свеж сок од грејпфрут
2 лажички јаболков оцет
1 лажичка мед
Подготовка:
Многу е едноснво: сè убаво измешајте додека состојките целосно не се соединат. Сокот пијте го пред сите три обилни оброци (појадок, ручек и вечера).
Постапката повторувајте ја секој ден, седум дена по ред, а потоа направете пауза една недела и повторете ја постапката.
Доколку не можете да ја поднесете горчината на грејпфрутот, заменете го со свежо цеден сок од портокал, но секој втор ден. Значи, еден ден издржете го горчливиот грејпфрут, а наредниот заменете го со портокал.