Овој напиток има сè што ни е потребно за јакнење на имунитетот, подобрување на варењето на храната, а состојките се пристапни.
Ситните промени во текот на денот можат значително да го подобрат вашето здравје, поради тоа добро е барем една шолја со кафе во текот на денот да ја замените со овој напиток.
Состојки:
– 1 портокал
– 1 лимета
– 1 мал корен од ѓумбир
– ¼ лажичка бибер
– ½ лажичка куркума
– ½ шолја вода.
Подготовката е лесна: портокалот и лиметата ставете ги во соковник или пак рачно исцедете ги, па додадете ги останатите намирници. Сето тоа убаво помешајте го, па испијте ја течноста.
На здравје!
View this post on Instagram