Живот и Стил

Со оваа смеса подготвена дома, патиките ќе ви бидат бели како од продавница

Со оваа смеса подготвена дома, патиките ќе ви бидат бели како од продавница

Белите патики се едни од најпродаваните модели на обувки низ целиот свет, но тука постои еден мал проблем – нивната белина ќе се изгуби за кратко.

Но постои решение и начин да им ја вратите нивната бела боја и свежина! Припремете ја оваа смеса, исчистете ги патиките и повторно ќе изгледаат како сега да сте ги купиле.

Состојки:

-кесичка сода бикарбона

-малку вода

-малку оцет

Припрема:

Измешајте ги сите три состојки. Вода и оцет ставете отприлика приближно исто, а во количина заедно со содата бикарбона да добиете густа паста.

На стара четка за заби нанесете од пастата и така изрибајте ги патиките. Потоа исперете ги со топла вода и оставете ги да се исушат.

Оваа домашна паста е одлична како и за платнени, така и за кожни патики, а тие кој ја пробале велат дека симнува тврдокорни и стари дамки.

извор:курир.мк

To top