Во јуни, полека се збогуваме од пролетта и чекориме кон летната сезона која долго ја чекавме, и ова е идеална мантра за влез во летниот месец.
Мај е цветниот месец, периодот кога во нас се буди енергијата на движење, а за да ја зајакнеме уште повеќе таа енергија за летната сезона, важно е да разбудите љубовта и среќата во себе, да ги реализирате своите потенцијали и да ги пренасочите мисловните обрасци кон оптимизам.
Јуни е идеален месец да се поврзете со вашата душа, да откриете нови тајни за вашата сопствена цел и да ја барате внатрешната вистина со цел да се издигнете до посакуваните височини.
Афирмациите и мантрите можат да ни помогнат да добиеме попозитивна перцепција за животот, за нас самите и за Светот околу нас, но и да ја направиме најважната работа – да ја зајакнеме љубовта кон нашето битие.
Мантрата за сезоната пред нас е:
Се сакам себеси и го почитувам мојот автентичен дух. Јас сум извор на љубов, изобилство и придвижувачка енергија. Нема ограничувања за мене – имам моќ да постигнам сѐ што сакам.
Секое утро мотивирајте се со оваа прекрасна мантра и уживајте во сончевите денови.
Ако се прашувате која е вашата главна задача во овој период, тоа е одлука да бидете среќни!
извор:попара.мк