Кога станува збор за родендените, сите им се радуваме и ги одбелжуваме на свој начин.
Македонската пејачка и водителка на популарната кулинарска емисија „Вкусот на традицијата“, го славеше родеденденот токму онака како што таа посакува.
На нејзиниот профил пристигнаа честитки од пријателите за кои таа се заблагодари:
-Драги мои пријатели, од се срце Ви благодарам за искрените честитки по повод мојот родендеn. Да сте ми здрави и живи! Роденденот го поминав во кругот на моите најблиски, во Аустриан Палас Хотел! Благодарам на целиот тим, напиша таа.
Во пријатна атмосфера, со убава храна и пијалок и секако во кругот на најдрагите, синот Благоја и ќерката Грациела и уште неколку блиски пријатели, Адријана имаше убав ден посветен на себе.
Инаку, Адријана Алачки наполни 55 години.
Среќен роденден!
фото:Фејсбук/Вкусот на традицијата