Живот и Стил

Со минимално пари и потрошено време до прекрасен тен: Направете си сами масло за самопотемнување

Со минимално пари и потрошено време до прекрасен тен: Направете си сами масло за самопотемнување

Темниот тен е нешто кон што тежнее речиси секоја жена. Поради тоа што солариумот не е баш најздрав избор, како ниту хемиските третмани, можеби треба да се обидете да си направите масло.

Природните состојки кои ќе ви помогнат да се чувствувате со самодоверба се вистинскиот избор за вас.

Сè што ви треба е маслиново масло, моркови и ореви.

Состојки:
– 3 децилитри маслиново масло;
– 2 моркови;
– 6-7 ореви (се препорачуваат млади ореви).

Подготовка:
1. Изрендајте ги морковите, иситнете ги оревите и прелијте ги со маслиново масло. Потоа смесата ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја.

2. Оставете течноста да отстои на сонце околу 4 седмици (идеално би било 40 дена).

3. Потоа, процедете го маслото во шише со прскалка поради полесно користење.

извор:точка.ком.мк

To top