Радио Милева Празнична радост за мали и големи

Со мама ја кити елката: Потпорасна синчето на Сања и Слаткар (фото)

Со мама ја кити елката: Потпорасна синчето на Сања и Слаткар (фото)

И покрај пандемијата со коронавирусот, 2020 година беше среќна и бериќетна за раперот Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга, пораншна мисица и водителка, Сања Николиќ.

Во месец апри.л тие се остварија во улога на родители и добија машко дете кое го носи името Моша.

Нивниот наследник веќе е потпораснато осумесечно бебенце кое гордите родители го покажаа додека украсуваа во домот.

-Прво едно „селфи“, па може да почнеме со китење, напиша Слаткар додека мама Сања и Моша се фотографираат и подготвуваат да ги редат украсите на елеката.

Финалниот резултат од новогодишното дрво Слаткар го објави на уште една фотографија од домот каде елката стои до прозорецот.

Веруваме дека празничната радост оваа година кај нив ќе биде и за мали и за големи, но големите особено ќе се радуваат на првата Нова Година заедно со Моша.

To top