Пејачката откри дека редовно тренира и јаде сирово овошје и зеленчук, а има и пет мали оброци дневно, поради што никогаш не е гладна.
Северина Вучковиќ е една од најубавите пејачки, но како и повеќето жени, понекогаш и таа „пакува“ некој килограм. Пејачката во еден период имаше седум килограми вишок, од кои се ослободи со посебен режим на исхрана и секако тренинзи.
– Не одам често во теретана, бидејќи верувам дека телото понекогаш има потреба од одмор. Доволно ми е да правам вежби еднаш неделно, а кога се подготвувам за турнеја тренирам три-четири пати. На сите жени би им препорачал да прават по 100 чучнувања дневно и модната писта е нивна! – вели поп ѕвездата.
Освен што тренира, Северина внимава што јаде.
View this post on Instagram
– Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и да пешачам барем половина час дневно – вели Севе.
Пејачката откри дека нејзините оброци претежно се состојат од сирово овошје и зеленчук.
View this post on Instagram
– Се трудам да не внесувам токсини во организмот и ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Бидејќи сакам овошје и зеленчук, во последно време јадам само тоа. Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш додавам малку банана за да биде погуста. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек – рекла Северина.
Еве што јаде Северина Вучковиќ:
ПОЈАДОК: Смути со овошје
РУЧЕК: Суши
ВЕЧЕРА: Зеленчук на скара
ТРИК СОВЕТ: Повеќе мали оброци во текот на денот и пешачење.