Радио Милева

Со кого Снеже Велков би се заглавила во лифт?

Со кого Снеже Велков би се заглавила во лифт?

Македонската водителка Снеже Велков ако не ја гледаме пред ТВ екраните каде што ја води емисијата „Вип на еден ден“ со која им го разубава денот на оние на кои им е потребно, тогаш може да ја видиме во теретана каде што елегантните модни комбинации ги заменува со спортска опрема.

Велков обожава времето да го поминува во сала за вежбање каде што како фитнес инструкторка тренира со девојките од нејзината група.

Меѓутоа, водителката поради повреда на колнето одмара од физичките активности, но на социјалните мрежи знае да ги извести фановите за некои свои активности.

фото: Принтскрин/инстаграм

Денес социјалните мрежи ни помагаат да дознае за многумина што прават, каде се, како се и што има ново во нивниот живот.

Но, истите знаат многу да претстават лажен живот, лажна промоција на нешто што не е така. А овој став го негува и Велков која неодамна на социјалните мрежи во една објава напиша:

„Најлесно се лаже на Инстаграм. Што знае инста што е лош дeн“, напиша Велков.

фото: принтскрин/инстаграм

Снеже  и откри со кого би се заглавила во лифт. Додека  можеби многумина би имале страв да се заглават во лифт, водителката и финтес инструкторката вели дека нема таков проблем.

„Има едно често прашање:Со кого би се заглавиле во лифт?
Кој е вашиот одговор?Мојот е дека би се заглавила со купче книги“ напиша Снеже во описот на фотографијата.

фото: Принтксрин/инстаграм

Па, изборот на Снеже не е лош со оглед на тоа дека книгата секогаш е добар избор.

To top