„Кога најдобро те познавам“ е насловот на песната за која младата пејачка Теа Трајковска деновиве работи видео запис што наскоро ќе ја дополни нејзината музичка кариера.
Теа на Инстаграм објави неколку фотографии од снимањето, а на истите изгледа модерно и префинето, онака како што и ја запознавме пред неколку години.
Според медиумите, па и нејзините колеги, Теа е една од помладите пејачки на домашната естрада кои ветуваат, а тоа таа постојано го докажува.
Во меѓувреме, освен што вредно и посветено работи на музиката, Теа не ги запоставува ниту своите сакани, а најмногу помалата сестра и мајка си која деновиве наполни 49 години.
Токму роденденот беше повод за Теа да ја покаже својата драга мама пред своите следбеници и обожаватели на Иснстаграм.
Не за џабе рекле дека „крушата под круша паѓа“ , а Теа очигледно е копија на мама.
фото:инсатаграм