Пејачката Цеца Ражнатовиќ изминатиот викенд го прослави 45-от роденден, а најубавата честитка ја доби од својот син.
Покрај славеничката беа и нејзините деца, Анастасија и Вељко, а наследникот во таа прилика јавно и посвети честитка и прекрасен комплимент на кој сигурно секоја жена би се израдувала.
-Овој 19-ти роденден го прославуваме со стил. Јас предложив на тортата да стои бројот 18, таа не сакаше, но нели не се гледа разлика. Кој може да каже дека ми е мајка? Која жена вака изгледа?, кажа Вељко за мајка си која веројатно се „стопила“ од коментарот кој тој го кажа за „Примера“.