Наскоро ќе започне прикажувањето на најавуваната 7-ма сезона на популарната македонска серија „Преспав“, а точниот датум е закажан за 18-ти декември (понеделник) на националната МРТВ.
Добро познатите ликови од серијата веќе им станаа омилени на верните гледачи, па речиси секој има некој карактерен фаворит. Една од нив дефинитивно е Исаура која во новите епизоди ќе ја гледаме во блажена состојба.
View this post on Instagram
Во реалноста не и се случуваше нешто многу поразлично кога е бременоста во прашање, само што веќе сега, Исаура односно актерката Емра Куртишова- Стојанова од неодамна е реализирана и среќна мајка на ќеркичката Лена која ја доби со актерот и колега Петар Стојанов.
Емра пред фазата на мајчинството и брачниот статус, не беше од оние што се многу активни на социјалните мрежи, но сега откако нештата се сменија, харизматичната актерка се почесто знае да открие нешто повеќе од својата приватност.
Меѓу најновите објави осамна галерија фотографии собрана во едно видео како сублимат од сите слатки плодови кои ги собра од животот во периодот откако кажа „да“, се омажи и направи забава, дозна дека е бремена, го доживеа чинот кога првпат ја виде својата рожба, првата прегратка, заедничка радост за проширениот состав кој премина во семејство.
Сите овие убави и слатки моменти на душа Емра ги објави пред очите на јавноста, горда и испполента за она непроценливо богатство кое го има.
-Двата најважни денови во твојот живот се денот кога си роден, и денот кога ќе сфатиш зошто.
View this post on Instagram
Она зошто следеше во документираните спомени кои реално се создаваат и живеат секојдневно, постојано надоградени и мултиплицирани, видоизмениети, но со една заедничка и најважна алка едноставно наречена љубов!
фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova