Ежење од убаво, многу насмевки, прегратки, солзи од среќа или едноставно кажано топење од убаво беше изминатата 2022-ра година за пејачката Елена Миленковска и нејзниниот сопруг и колега Гуте Mаринковиќ.
Плод на нивната љубов најпрвин беше синчето Максим, а годинава и нивната мала принцеза Миона која направи најубава целина на нивната љубовна приказна.
Семејството е најголемото богатство за еден човек, а кога е цело, желбата за нешто повеќе е само здравје, се’ останатото може да биде на чекор од реалноста.
View this post on Instagram
Најголемото богатство го има во домот на Елена и Гуте, а за тоа не треба ниту многу да зборуваат и да докажуваат – тоа се гледа.
Меѓу нивните најнови објави на социјалните мрежи застанаа покрај елката во домот со своите најмили, а мама Елена имаше да пренесе нешто многу важно:
View this post on Instagram
-Најубавата случајност во мојот живот е кога те сретнав тебе, најдобрата одлука кога прифатив да бидам твоја сопруга, а најубави моменти кога ги родив овие две наши магични суштества! Благодарна сум на оваа и секоја следна година со вас!, пишува Миленковска.
Кога животот се цени во вистинска смисла, а навидум „малите“ нешта се вистински најголеми, тогаш е видливо богатството дадено од Бога!
View this post on Instagram
Нега овие магични моменти од животот им траат засекогаш!
фото:Инстаграм/Елена Мленковска/ @lavida.kids.photography ,