На крајот од изминатиот месец јули пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски станаа родители по вторпат. На свет дојде бебенцето Кирил, кое сега заедно со дада Илина се центарот на нивниот универзум.
Мајките многу досбро знаат дека со новороденче нема активен сон, будењето е на секои два-три часа, заспивањето и доењето се примарна окупација за мајката, а пак кога се има уште едно дете или повеќе, тогаш освен помош од таткото, дополнителна рака за помош и тоа како е потребна.
Мајчинската љубов е најголема, затоа сите обврски околу бебето не за џабе се наречени слатки маки. Сара е во една таква ситуација, Илина е повеќе со тато, а бебето Кирил нормално со мама.
Време за себе мајката ретко има, но кога ќе се најде, тогаш задоволството е како лукзузен третман.
Сара Mејс е предана мајка, па држејќи го бебето, останала без еден чорп, Димитар како сопруг шегаџија го сними ова за на Инстаграм, а допиша и коментар дека тој и ќерката како публика се прикладно облечени.
Познато е дека Сара претходно сакаше да документира многу моменти од нивното секојдневие, особено на Димитар, па изгледа сега ова е реванш на нејзина сметка.
Како и да е, со шега животот секогаш тече поубаво, а веруваме дека и на новопечената мама по вторпат ова добро и доаѓа.
фото:Instagram/Димитар Атанасовски