Домашниот сладолед е секогаш подобар од купечкиот, па можете да направите сникерс кој ќе има фантастичен вкус.
Состојки:
100 гр чоколадо
500 мл слатка павлака
175 гр кондензирано млеко
3 супени лажици чоколаден корнфлекс
70 гр кикирики
Подготовка:
Слатката павлака изматете ја со кондензираното млеко, па додадете ја растопената чоколада.
Добро измешајте со миксер, па добиената смеса истурете ја во огноотпорен сад.
Посипете со кикирики и чоколадни снегулки и ставете го сладоледот во замрзнувач 2-3 часа.